Бомба во Ф1: Хамилтон го напушта Мерцедес, ќе вози за Ферари

Ф1
Ф.З.
/ 01.02.2024 / 13:32

Возачот на Мерцедес, Британецот Луис Хамилтон, на крајот од сезоната ќе се пресели во тимот на Ферари во Формула 1 шампионатот, пренесува шпанскиот спортски весник AS.

Шпанскиот весник истакнува дека добиле потврда дека Хамилтон ќе вози за Мерцедес до крајот на оваа сезона, а потоа ќе потпише договор со Ферари.

„Блиску сме до потпишувањето на деценијата во Ф1. Хамилтон е на прагот да се пресели во Ферари. Конечниот договор треба да биде финализиран наскоро, но седумкратниот светски шампион сака да освои уште една титула со црвениот болид пред да ја заврши кариерата во Ф1“, пишува Хесус Бласеиро, новинар на AS, повикувајќи се на одредени италијански медиуми.

URL

Британецот ќе го замени Шпанецот Карлос Саинс во тимот на Ферари, а во италијанскиот тим треба да вози заедно со Шарл Леклер, кој во тој тим ќе биде до 2029 година.

Хамилтон има договор со Мерцедес до крајот на 2025 година. Сепак, шпанскиот весник тврди дека британскиот возач има излезна клаузула во договорот што му овозможува да го прекине партнерството со Мерцедес.

Во 2007 година Финецот Кими Раиконен ја освои последната титула за Ферари во Ф1 во конкуренција на возачи, а италијанскиот тим триумфираше 16 пати во конкуренција на конструктори, последен пат во 2008 година.

Хамилтон (39) освои 7 титули во Ф1 во кариерата, а последната во 2020 година.

Новата сезона во Ф1 шампионатот започнува на 2 март со трката за Големата награда на Бахреин, ќе се одржат вкупно 24 трки, а последната е планирана за 8 декември во Абу Даби (ОАЕ).

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Ф1

Верстапен победи во Кина, Норис втор, Перес трет

Read more

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Read more

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Read more

Алонсо потврди: Останувам во Астон Мартин

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе