Boeing продолжува со производство на проблематичните авиони 737 Max

По две фатални несреќи и приземјени авиони од моделот 737 Max 8 во флотите на авиокомпании ширум светпт, Boeing продолжува со производство на проблематичните авиони.

Секако, компанијата ќе продолжи да работи на овие авиони додека истовремено води детална истрага за откривање на проблемите што би можело да бидат причина за паѓањето на двата авиони 737 Max 8 во период од неколку месеци. Компанијата завчера соопшти дека донела одлука привремено да престане со испорака на авиони од овој модел.

Моделот 737 Max е најпродаван авион на компанијата и побарувачката за него уште е голема, и покрај двете фатални несреќи. Месечно се произведуваат 52 авиони 737 Max.

„Не сум изненаден од ваквиот потег. Би било огромен товар за Boeing да престане со производство на моделот 737 Max поради привремените приземјувања“, изјави Каи Вон Румор, авијациски аналитичар.

„Прекинот на производството би им наштетил и на производителите на компонентите кои ги користи Boeing. Особено сега, кога Boeing работи на подобрување на производството за да може што е можно побрзо да ги испорача нарачаните авиони“, додава тој.

Вкупно 50 земји наредија приземјување на контроверзните авиони 737 MAX 8: Австралија, Австрија, Белгија, Бугарија, Бермуда, Канада, Кина, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Египет, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Индија, Индонезија, Ирак, Ирска, Италија, Кувајт, Латвија, Либан, Литванија, Луксембург, Малезија, Малта, Мексико, Монголија, Холандија, Нов Зеланд, Оман, Панама, Полска, Португалија, Романија, Сингапур, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Тајланд, Турција, ОАЕ, Велика Британија и САД.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Бизнис

Паднаа акциите на Netflix

Read more

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Read more

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more
 

Вести

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе