Концепти

BMW M2 Coupe ќе развива најмалку 420 КС

13. март 2020 - 9:27 | М.С.

Списанието Autocar пишува дека новиот BMW M2 Coupe ќе развива најмалку 420 коњски сили.

На врвот од понудата на BMW од семејството на мали автомобили ќе биде M2 под назив G87, а се верува дека ќе ја користи детунираната верзија на моторот кој ги придвижува X3 M и X4 M, како и новите модели кои допрва доаѓаат а тоа се M3 и M4.

S58 твин турбо 3,0-литарски мотор ќе развива најмалку 420 коњски сили и 550 Nm максимален вртежен момент. Со оваа сила од 0 до 100 км/ч ќе забрзува за околу 4 секунди.

М2 ќе биде базиран на CLAR платформата на BMW која нуди можност за користење на блага хибридна технологија. Купувачите ќе можат да бираат помеѓу 6-степен менувач или осумстепен автоматски менувач.

Новиот M2 на пазарот ќе се појави во 2022 година, а верзијата со благ хибрид пристигнува во 2025 година.