Концепти

BMW i4 е баварскиот одговор на Tesla Model 3

3. март 2020 - 15:19 | А.С.

Што нуди новиот електричен модел на BMW со кој баварскиот производител ќе му конкурира на Model 3 на Tesla?

За „почеток“, лимузината i4 плени со: 530 коњски сили, забрзување од 0 до 100 км/ч за само 4 секунди и максимална брзина од 200 км/ч.

Ова се фотографиите на концептот, кој како и секогаш кога зборуваме за BMW, е близок до сериската изведба.

Визуелно, предните маски на ладилникот се малку гломазни и го намалуваат генерално позитивниот впечаток за дизајнот на BMW i4. Но, има време до излегувањето на серискиот модел, па можеби BMW ќе го смени концептот за предната маска.

Кога ќе се појави следната година, i4 би требало да има максимален домет од 600 километри со батериите од 80 kWh.

Батериите ќе поддржуваат брзо полнење (150 kW), па 80% од дометот ќе бидат обезбедени за 35 минути полнење.

Погонот на најмоќната верзија ќе биде на сите четири тркала, а послабите верзии на задните тркала.