Блогерка се облекува како славните и покажа дека не мора да си слаба за да изгледаш добро

Кејт Стурино од Њујорк верува дека добриот стил не познава големини. Откако 10 години работела во ПР, почна свој блог наречен the12ish style каде покажува дека може да изгледате фантастично без разлика која големина на облека носите.

Таа често носи модни комбинации кои носеле славни жени кои обично се најмал конфекциски број и покажува дека истиот аутфит може да изгледа добро и на жени со облини.