Музика

Били Ајлиш ќе ја пее насловната песна за новиот „Bond“ филм

15. јануари 2020 - 19:33 | Б.С.Б.

Американската пејачка Били Ајлиш ќе ја пее насловната песна за новиот филм за Џејмс Бонд.

18-годишната пејачка е автор на музиката и на текстот заедно со нејзиниот брат и ќе биде најмладиот уметник кој извел насловна нумера за филм од франшизата на Џејмс Бонд.

Компанијата EON Production, која е продуцент за филмовите за агентот 007, досега има придавана посебно значење за оригиналните тематски песни и секогаш биле ангажирани уметници во склад со нивното време.

Така, дел од овој проект се и славните пејачи и музичари како Мадона, Адел, Сем Смит, Алиша Киз и други.

Најновиот Bond филм премиерата ќе ја доживее на 2 април во Велика Британија и на 10 април во САД. За последен пат во улогата на Џејмс Бонд во „No Time To Die“ ќе го видиме Даниел Крег, додека Рами Малек ќе биде во улогата на мистериозен негативец.