Берни Сандерс се откажа од претседателската трка

Од изборниот штаб на Берни Сандерс денеска соопштија дека сенаторот од Вермонт ја заврши кампањата за претседателска номинација од Демократската партија на изборите годинава во ноември.

Како што укажаа од штабот, Сандерс ова го одлучил денеска на телеконференција со своите помошници.

Сандерс се обрати до своите поддржувачи со следниве зборови:

-Не можам да продолжам со чиста совест кампања која не можам да ја добијам и која ќе пречи во важната работа што ни претстои.

Изјави дека неговото име ќе стои во избирачките ливчиња и дека сѐ уште ќе собира гласови за делегати, во обид да ја пренесе својата порака и да влијае врз демократската платформа.

-Кампањата е завршена, но нашето движење продолжува, порача Сандерс.

Поради тешката пандемија на коронавирус во САД, кампањите и митинзите на двајцата преостанати кандидати за номинација, поранешниот потпретседател Џо Бајден и Сандерс, се запрени со недели.

Поради карантинот, двајцата се појавуваат мошне ретко на телевизија и се обраќаат во живо на интернет. Се дознава дека Сандерс бил повикан да излезе од кампањата за обединување на Демократската партија со една цел – пораз на актуелниот претседател Доналд Трамп.

Ведаш по изјавата на Сандерс, Бајден се заблагодари на „лидерот“ од Вермонт и ги повика неговите поддржувачи да се придружат.

-Треба да ги заслужам вашите гласови… ве гледам ве слушам и ја разбирам итноста на моментот, се надевам дека ќе се придржите. Добредојдени сте, потребни сте, соопшти Бајден на Twitter.

На веста реагираше и Трамп, кој вината за поразот на Сандерс ја посочи кон сенаторката Елизабет Ворен, која учествуваше во трката за номинација.

-Ако не беше таа, Сандерс ќе победеше на Супервторникот. Ова заврши токму како што сакаа ДНЦ и демократите… напиша Трамп на Twitter.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Свет

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Read more

Премиерот на Папуа Нова Гвинеја: Бајден ја навреди мојата земја со изјавата за канибали

Read more

Орбан предупредува: Во Европа владее воено расположение, Брисел си игра со оган

Read more

Полска подготвена за голема војна со Путин

Read more
 

Вести

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Читај повеќе

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Читај повеќе

Марко Бањоли во Чифте амам

Читај повеќе

Левица Денот на планетата Земја го одбележа чистејќи го Водно

Читај повеќе

Лични документи може да се подигнат и в среда

Читај повеќе

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Читај повеќе