Берлускони повторно на обвинителна клупа

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, против кого беа водени неколку дела, повторно ќе одговара пред суд за поткуп.

Судот во јужниот град Бари го закажа првото рочиште за 4 февруари 2019 година.

Процесот е поврзан со настаните од 2008-2009 година, кога младиот и амбициозен претприемач од Бари Џанпаоло Тарантини организирал забави со придружнички во домовите на Берлускони во Рим и на Сардинија.

Обвинет за учество во проституција, Тарантини беше осуден на осум години затвор во прв степен, но поднесе жалба, а жалбената постапка сѐ уште не е завршена.

Во меѓувреме, 82-годишниот Берлускони е обвинет дека му платил на бизнисменот „стотици илјади евра, обезбедувајќи му правна помош и работа“, со цел да не објави пикантерии и други детали од тие забави.

Поранешниот премиер веќе има судски истраги за поткуп на сведоци во Милано, Сиена, Рим и Торино. Тој е обвинет дека плаќал милиони евра за да ги замолчи учесниците во неговите забави.

Како и во останатите дела, тој не го негираше плаќањето на Тарантини, туку само појасни дека „помогнал на еден човек и на семејство со деца кои имале и сѐ уште имат сериозни финансиски проблеми“.

– Убедени сме дека по почнувањето на процесот Берлускони брзо ќе биде ослободен, изјави неговиот долгогодишен адвокат Николо Гедини за италијанскиот весник „Republica“.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе