Bentley го претстави најбрзиот SUV во светот

Како производител на исклучително квалитетни и луксузни модели, Bentley отсекогаш можел да се пофали со импресивна линија на возила, а новиот Bentayga Speed е само уште еден во низата впечатливи примероци од оваа компанија.

Од Bentley тврдат дека овој модел е најбрзиот SUV на пазарот, дури побрз и од Lamborghini Urus.

Според официјалните податоци од компанијата, Bentley Bentayga Speed има максимална брзина од 306 км/ч, што го прави доволно брз за да го претекне моделот на Lamborghini до првото место на листата на најбрзи возила од SUV сегментот.

Овој нов модел користи погон со унапреден 6.0-литарски twin-turbo мотор што произведува 635 коњски сили и 900 Nm. Тоа се 27 коњски сили повеќе отколку кај регуларниот Bentley Bentayga со W12 мотор, додека обртниот момент остана ист кај двете возила.

Дополнителната моќ влијаеше и на подобрување на забрзувањето, па Bentayga Speed достигнува брзина од 100 км/ч од стоечка позиција за само 3,9 секунди. Обичната верзија ја постигнува оваа брзина за 4,1 секунди.

Bentley Bentayga Speed за првпат ќе се појави пред јавноста на Саемот за автомобили во Женева, кој почнува на 5 март. Засега цената не е соопштена, но со оглед на тоа дека Bentley Bentayga W12 чини 230.000 долари, може да се очекува дека новиот модел ќе биде нешто поскап.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Авто новости

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more
 

Автомобили

  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе