ЈУПИЛЕР ПРО ЛИГ 2019/20

Белгија прва се предаде: Прогласен крај, шампион е Бриж

Нема повеќе фудбал во најквалитетната белгиска фудбалска лига. Водечките луѓе заклучија дека нема да има можност првенството да продолжи и прогласија крај.

„Бордот на директори ги зема предвид препораките на д-р Ван Ранст и на Владата дека тешко веројатно е натпреварите со публика да се доиграат пред 30 јуни. Моменталната ситуација, воедно, прави голема неизвесност и за продолжување на тренинзите во блиско време. Дури и натпревари зад затворени врати теоретски да се возможни, би додале само притисок врз здравствените установи, а тоа треба да се избегне“, стои во соопштението на официјалната веб-страница на лигата.

„Бордот на директори едносгласно одлучи дека не е пожелно натпреварувањето да се игра по 30 јуни. Со оглед на горенаведеното, одлучивме на Генералното собрание да му предложиме да не продолжи сезоната 19/20 и да се прифати моменталниот пласман во Јупилер Про лигата како конечен.

Белгија всушност и е во ситуација да направи фер прекин. Системот на натпреварување кој се употребува таму е регуларен дел во кој секоја екипа игра дома и на гости против сите останати, како што е скоро насекаде во Европа, но потоа, според пласманот, сезоната продолжува со плеј-оф за титула и плеј-оф за Лига Европа.

Сезоната се прекина по одигрувањето на 29. коло од регуларниот дел, што значи дека до крајот остана само едно коло. Бриж води убедливо со 15 бодови предност пред второпласираниот Гент, 16 пред третиот Шарлроа и 17 пред четвртиот Антверп.

Единствен проблем кој допрва ќе треба да го решат е испаѓањето. Ваасланд-Беверен е последен со 20 бодови, два помалку од Остенде и теоретски во последното коло би можел во победа да се спаси. И покрај ситемот со плеј-оф, последниот во регуларниот дел директно испаѓа.

Генералното собрание на белгиската лига ќе се состане на 15 месецов кога треба да го официјализира овој заклучок. За Бриж ова ќе биде 16-та титула.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе