Фудбал

Барселона го сака новиот Левандовски, голгетерската сензација во Серија А

6. септември 2018 - 10:18 | М.Д.

Најдобриот стрелец во Џенова, клубот каде што игра младиот Кристоф Пиатек, минатата сезона постигна шест голови. Пиатек успеа да го помине по бројот на постигнати голови, после само три натпревари во оваа сезона.

Напаѓачот на Џенова, 23-годишниот Кристоф Пиатек, експлодираше на почетокот од новата сезона, па има најдобар почеток од сите напаѓачи во најсилните лиги во Европа.

Во првиот натпревар за Џенова, против второлигашот Лече, во третото коло од купот, ги постигна сите четири погодоци за убедлива победа на Џенова од 4:0.

Дебито во Серија А исто така го забележа со погодок за победата од 2:1 против Емполи, а во следниот првенствен натпревар, кој неговиот тим го загуби со 3:5 од Сасуоло, тој постигна два гола.

На тој начин, тој го направи она што го истакнавме во воведот, со седум голови на стартот од сезоната го надмина Лападула, најдобриот стрелец на Џенова за минатата сезона со шест голови.

Новиот Левандовски, како што го нарекуваат во Италија, според пишувањата на тамошните и каталонските медиуми, сега е голема желба на Барселона.

Првакот на Шпанија во него гледа сериозен кандидат за наследник на Луис Суарез, кој во јануари ќе наполни 32 години.

Напаѓачот, кој веднаш по доаѓањето во Италија, речиси на секој половина час постигнува погодок, иако не ја познава лигата и нема искуство, Џенова го плати само четири милиони евра.

Толкава оштета доби Краковиа, полскиот клуб за кој Пиатек минатата сезоната постигна 21 гол и беше трет стрелец во лигата.

Сепак, Пиатек на европската сцена допрва треба да се докажува, меѓутоа после само неколку натпревари во Италија тој покажа што знае и веднаш го привлече вниманието на каталонскиот гигант Барселона.