ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2019/20

Баерн го прегази Челси, Гатузо ја запре Барса

Баварците многу полсено од очекувањата уште во Лондон обезбедија четвртфинале, додека Барселона не успеа да триумфира во Неапол кај тимот на Џенаро Гатузо.

Премиерлигашот ги разочара своите гледачи кои го наполнија „Стемфорд Бриџ“ откако загуби со убедливи 0:3 од Баерн.

Отпорот на Челси траеше 51 минута кога по одлично додавање од Роберт Левандовски резултатот го отвори Серж Њабри. Само три минуту подоцна идентична ситуација: Левандовски асистира, Њабри ја тресе домашната мрежа.

Во 76. минута, по двете асистенции, полскиот голгетер се запиша и во листата на стрелци поставувајќи ги конечните 0:3, резултат со кој Баерн е веќе четвртфиналист бидејќи овој тим на Челси просто е неверојатно да успее да направи чудо во Минхен.

Капак на бламажата на Челси стави Маркос Алонсо кој со ВАР доби директен црвен откако со рака по лицето го удри Левандовски.

Моќната Барселона гостуваше на „Сан Паоло“ кај Наполи, но и покрај фаворитската улога не успеа да го совлада тимот на Џенаро Гатузо.

Всушност, Наполи и прв поведе најавувајќи изненадување. Прекрасен гол постигна Дрис Мертенс на додавање на Пјотр Желињски.

Да нема изненадување под Везув се погрижи Антоан Гризман во 57. минута по една класична каталонска акција и асистенција од Нелсон Семеду.

Во 89. минута Артуро Видал набрзина заработи два жолти картони поради груб старт и потоа неспортско однесување што резултираше и со црвен.

Реваншите од овие два натпревара се закажани за 18 март.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе