Автомобил удрил во моторцикл и го напуштил местото, двајца повредени

Скопје, 26 мај 2018 (МИА) - Две лица кои се возеле на мотоцикл се повредени, од кои едното потешко, во сообраќајна несреќа ноќеска  околу два часа по полноќ, во Скопје, откако возач на Mercedes удрил во нив и го напуштил местото на несреќата.

Како што соопшти МВР, сообраќајката се случила во 01:38 часот ноќеска на бул. „Гоце Делчев“, во близина на крстосница со улицата „Лазар Личеновски“.

„Патничко возило Mercedes со непознати регистарски ознаки, управувано од непознат возач,  удрил во моторцикл Suzuki со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.С.(33) од Скопје, по што го напуштил местото. Од ударот возачот Б.С. и сопатникот Б.О. (33) од Скопје се здобиле со повреди и со друго возило биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде им била укажана лекарска помош. Кај возачот Б.С. биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај сопатникот Б.О. биле констатирани телесни повреди“, наведуваат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Хроника

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Read more

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Read more
 

Вести

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе