Авто новости

Автомобил на годината во Европа: Ова се кандидатите, кој е вашиот фаворит?

22. октомври 2019 - 14:03 | А.С.

Во конкуренција влезе и новиот Golf што ќе дебитира за неколку дена и не е единствениот модел на Volkswagen.

Учеството на моделот од осмата генерација на бестселерот на Volkswagen го овозможија новите правила на изборот. Услов за да влезе автомобилот во поширокиот избор на кандидати за Автомобил на годината во Европа е да се појави во продажба до крајот на годината и тоа во најмалку пет европски земји.

Подоцна, на 25 ноември, жирито ќе одбере седум финалисти, а победникот ќе биде соопштен на 2 март, 2020 година на Салонот на автомобили во Женева.

Интересен е фактот дека од вкупно 35 кандидати што се најдоа во годинашниот поширок избор, шест се целосно електрични модели.

Во претходниот циклус на овој избор победата ја однесе електричниот Jaguar I-Pace, кој исто така беше прогласен за светски автомобил на годината.

Една година претходно, ласкавата титула ја понесе Volvo XC40, а претходно победници беа Peugeot 3008 (2017), Opel Astra (2016), VW Passat (2015) и Peugeot 308 (2014), додека во 2013 година автомобил на годината во Европа беше Golf 7.

Вака изгледа листата номинирани за Автомобил на годината во Европа за 2020 година. Кој е вашиот фаворит?

Audi E-Tron

BMW Series 1

BMW Z4

BMW X6

BMW X7

DS3 Crossback

Ferrari F8 Tributo

Ford Puma

Kia e-Soul

Mazda3

Mazda CX-30

Mercedes-Benz CLA

Mercedes-Benz EQC

Mercedes-Benz GLB

Mercedes-Benz GLS

Nissan Juke

Opel Corsa

Peugeot 208

Porsche 911

Porsche Taycan

Range Rover Evoque

Renault Captur

Renault Clio

Renault Zoe

Škoda Kamiq

Škoda Scala

SsangYong Korando

Subaru Forester

Tesla Model 3

Toyota Camry

Toyota Corolla

Toyota RAV4

Toyota GR Supra

Volkswagen Golf

Volkswagen T-Cross