Автомобилскиот саем во Женева секоја години ни носи возбудливи новитети од познатите производители, а оваа година таму ќе дебитира првиот електричен SUV концепт на германската компанија Audi.
Електричните автомобили се ин, тоа е јасно веќе неколку години. Сите поголеми компании од автомобилската индустрија се приклучија кон трендот на електрификација на возилата од нивнитепроизводни линии.
Audi, како дел од Volkswagen Group, исто така започна со пренасочување кон електрична енергија. По нивниот прв модел со електричен погон – Е-tron, кој премиерно беше претставен минатата есен, на крајот на ноември беше претставен и концептот E-tron GT.
Само неколку месеци подоцна, посетителите на Саемор за автомобили во Женева ќе имаат шанса да го видат најновиот концепт од Audi, наречен Audi Q4 E-tron, кое исто така има погон на електрична енергија.
Германскиот производител во пресрет на светската премиера на овој автомобил ги објави првите дизајнерски цртежи на моделот кој има повисоко растојание од површината, но доаѓа со силуета на купе.
Засега не се откриени детали за погонот и перформансите, но се очекува концептот Q4 E-tron да има слична конфигурација како и првиот сериски електричен модел на Audi, SUV E-tron. Тоа значи дека автомобилот би требало да добива енергија од два електромотори и да има погон на сите четири тркала.