Audi го претстави освежениот модел S4

Новиот модел е веќе достапен на пазарот. Audi ја обновува целокупната понуда во 2020 година, вклучувајќи го и спортскиот модел S4.

Елегантните предни и задни светла го прават минималистичкиот стил на Audi да биде посебен, а сега предните светла ќе бидат збогатени со дополнителна светлина која се вклучува и трепка при палење на моторот.

Издувниот систем е нагласен, а единствената решетка има изглед на саќе од пчели.

Моторот V6 на турбо погон има 349 коњски сили, а со Quattro погонот има и осумстепен автоматски менувач.

Внатрешноста ја краси најсовремениот MIB 3 infotainment систем кој е сместен помеѓу предните седишта и се управува на допир. Audi се пофали со новиот систем кој е десетпати побрз од претходниот, а има и способност за управување со помош на глас и тоа на неколку јазици.

Освежениот S4 модел ќе чини 46,600 илјади евра, околу 270 евра помалку од верзијата во 2019 година. Новиот модел е веќе достапен на американскиот пазар.