Аселборн за Груевски: Унгарија му даде азил на деликвент

Брисел, 13 декември 2018 (МИА) – Луксембург е единствената земја членка на ЕУ која го осуди одобрениот азил за експремиерот Никола Груевски во Унгарија. Во изјава за МИА, министерот за надворешни работи на оваа држава, Жан Аселборн вели дека е вчудовиден од одлуката на унгарските власти.

-Мислам дека е неверојатно што поранешниот премиер на Македонија кој е осуден на две години затвор доби меѓународна заштита во Унгарија, земја која си ги „штити“ границите од 2015 од бегалци. Еден деликвент да добие заштита во земја на ЕУ, кога оние кои бегаат од војни не ја добиваат е запрепастувачки.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, Аселборн повика Европската Унија да си ја поврати „кохерентноста“ во однос на основните човекови права и во однос на прашањата за азил и миграција, вклучително и Женевската Конвенција.

-Ако тоа не се случи, ЕУ ќе ја загуби својата душа и своите вредности, загрижено вели Аселборн.

Министерот за надворешни работи, кој е исто така задолжен за миграција во неговата влада, за МИА изрази голема загриженост што „третина од земјите членки не го потпишаа Пактот за миграции“ на ОН во Маракеш.

-Она што е најстрашно е што тие што треба да добијат меѓународна заштита не ја добиваат, а еден деликвент ја доби, еден тип кој е осуден доби азил во земја што ги затвори своите граници…, вели Аселборн.

Унгарија, заедно со повеќето источноевропски земји членки, но и Австрија, која е на чело на ЕУ до крајот на оваа година, се противат на солидарни и мултилатерални решенија за миграциските предизвици и не го потпишаа маракешкиот пакт.

Прашањето за азилот на Груевски до сега ниту еднаш не било покренато во рамките на Советот на ЕУ, односно на земјите членки, дознава МИА.

Аселборн вели дека земјите членки од правна гледна точка немаат начин да го отворат тоа прашање бидејќи одлуките за доделување азил се стриктно национални. Но, вели, тој „можеме политички да го осудиме овој чин“.

Повеќе дипломатски извори во ЕУ за МИА потврдуваат дека ниту на Советот за надворешни работи во понеделникот, ниту на Советот за општи работи каде тема беше правната држава во Унгарија, не станало збор за Груевски.

Досега единствена осуда дојде од Европскиот Парламент кој изгласа два амандмани со кои се осудува унгарската одлука за азил. Но, ниту Европската Комисија, ниту земјите членки не реагираат.

Европратеникот од Унгарија, Јавор Бенедек, му испрати писмо на еврокомесарот задолжен за владеењето на правото, Франс Тимерманс, во кој бара одговори од ЕК за легалноста на унгарската одлука. Јавор за МИА потврди дека се уште не добил одговор од комесарот.

-Тотален молк од Комисијата на оваа тема, како што велиме на унгарски: молк кој кажува многу, рече Јавор.

Аселборн од своја страна не сака да го коментира молкот на европската извршна власт, но вели дека состојбата во ЕУ “длабоко го загрижува“. Министерот, кој е еден од ветераните на ЕУ, додава дека “во петнаесет години колку сум тука не сум видел развој во ваква насока во ЕУ, нема повеќе кохерентност во однос на човековите права“.

Самитот на ЕУ кој ќе се одржи денеска и утре во Брисел ќе биде го најголем дел посветен на Брегзит. Во делот за надворешната политика треба да се разговара за Украина и Русија. Балканот не е на дневен ред, а никој не очекува на Орбан да му биде поставено било какво прашање во врска со Груевски.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе