Арсовска: МКЦ може да биде самоодржлив, по ревизијата ќе распишеме конкурс за избор на директор

Младинскиот културен центар во Скопје е една од институциите со најголем потенцијал да биде самоодржлива и така треба да продолжи, па затоа веднаш по завршувањето на ревизијата ќе биде распишан конкурс за избор на директор на МКЦ на којшто ќе можат да се пријават сите заинтересирани страни, изјави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во интервју за МИА.

Таа вели дека буџетот за култура што го одреди Градот Скопје во висина од речиси 260 милиони е скоро ист во споредба со средствата предвидени за минатата година, од кој се распределуваат средства за сите културни институции во надлежност на Градот и се работи на обезбедување на нивна самоодржливост.

Според неа, МКЦ е една од институциите којашто има најголем потенцијал да биде самоодржлива и дека добро и квалитетно функционира во изминатите години, па така и треба да продолжи.

– Верувам дека можеби стравот од промените иницираа да се има таква бурна реакција, нешто што не треба да биде својствено, особено имајќи предвид дека некогаш промените носат нешто што е подобро. Целта на градот е да се разреши сето она што досега се случувало таму, а било детектирано како неправилности кои што се случувале изминатите неколку години. Доколку нешто функционирало на еден начин не значи дека нема подобро да функционира доколку го ставите во рамки на законот и прописите како што би требало да биде, рече Арсовска.

Таа изразува надеж дека во МКЦ „ќе се надминат сите предизвици“, посочувајќи дека функционира Колегиумот и очекува во најскоро време да заврши ревизијата што е во тек и врз основа на извештајот од неа да може да се корегира сето она што излегува од рамките на нормалноста, со цел иниституцијата да биде функционална.

– Затоа веднаш по завршувањето на ревизијата ќе биде распишан јавен конкурс на којшто сите заинтересирани страни ќе можат да се пријават, во насока да се има избран директор, додаде Арсовска.

Во однос на реконструкцијата на Универзална сала, Арсовска вели дека во рамки на тоа што е договарано со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, во Советот на Град Скопје ќе се дискутира кои се опциите за изнаоѓање на најдобро решение за Универзалната сала.

– Средствата коишто се одвоени за Универзалната сала во 2021 година, се одвоени од страна на буџетот на Владата и тие го опфаќаат само надворешниот дел, а во однос на проектирањето и изведбата на внатрешниот дел на Универзалната сала, нема ниту готов проект во рамки на Градот, ниту пак имаме соодветно финансирање коешто е сериозно и коешто би опфатило од прилика речиси до 10 проценти од целокупниот буџет на Градот Скопје, што е сериозна сума што би требало да се одвои, посочи Арсовска.

Таа исто така информираше дека во тек е завршувањето на сите постапки и процедури за почеток на изградбата на новиот Луна парк во Скопје, при што се финиширани се сите формално правни аспекти и се отпочнуваат работите на терен за средување на самиот простор.

– Јас се надевам дека веќе видливи резултати во новиот Луна парк ќе имаме до крајот на оваа година со дел од реквизитите и содржините коишто ќе бидат неопходни за скопјани. Продолжуваме исто така понатаму за сето она коешто е неопходно да се добави, за скопјани да имаат целосно функционален Луна парк којшто треба да биде една атракција не само тука за во Македонија, туку и пошироко за во регионот, рече Арсовска.

Remote video URL
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Read more

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more
 

Вести

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Читај повеќе

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе