Гејминг

Apple ги предупреди корисниците на iPhone 5 да го преземат iOS 10.3.4

28. октомври 2019 - 19:09 | М.С.

Доколку имате iPhone 5, тогаш треба да проверите дали користите iOS 10.3.4.

Компанијата Apple ги предупреди корисниците на iPhone 5 дека треба да го преземат iOS 10.3.4 до 3. ноември, затоа што можат да изгубат многу опции. Се работи за проблем со GPS и точно време и датум за повеќе опции на телефонот.

Apple користи GPS за датум и време, а за да се покажува точно неопходно е да се направи update.

„Доколку не направите update, ќе ги стопирате функциите кои се однесуваат на точен датум и време, како што се App Store, iCloud, email и web browsing“, соопштуваат од Apple.

Ова се однесува и на корисниците на iPad Wi-Fi + Cellular, iphone 4S и постарите модели на iPad.

За надоградување на софтверот изберете Settings – General – Software Update.

Доколку не го направите надоградувањето до 3. ноември, тогаш мануелно ќе треба да го приклучите телефонот на компјутер, па да го надоградите софтверот.