Анкета: Во време на криза Американците поделени околу работата на Трамп

Вашингтон 10 април 2020 (МИА) – Во време на епидемија на коронавирус во САД, рејтингот на претседателот Доналд Трамп се искачи на максимално ниво по стапувањето на функција, иако неговата работа ја одобруваат само половина од Американците, се дознава од најнова анкета нарачана од Fox News.

Според анкетата спроведена од 4 до 7 април, рејтингот на Трамп е 49 проценти, споредбено за време на неговата инаугурација во јануари 2017 година кога бил 48 проценти. Неговиот просечен рејтинг е 45 проценти, додека најнискиот од 38 проценти бил забележан во октомври 2017 година.

Анкетата, сепак, укажува на поделено мислење во општетсвото во однос на работата на претседателот. Во април, 49 проценти од Американците ја поддржуват неговата работа на функцијата шеф на државата, а 49 проценти не ја поддржуваат. Останатите два отсто испитаници не изразиле мислење.

Поддршката за Трамп и за демократскиот кандидат за претседател, поранешниот потретседател Џо Бајден, е исто така поделена. Според анкетата, секој добил по 42 проценти поддршка.

-Во време на пандемија на коронавирус, анкетата покажа дека Бајден не доби можност да ги сплоти гласачите зад себе и да изгради ентузијазам, после големата победа на примерните избори во март, изјави демократот Крис Андерсон, чија фирма Beacon Research ја спроведе анкетата za Fox News заедно со републиканецот Дерон Шо.

– Американците од сите политички бои сега имаат единствен непријател – коронавирусот, и најисправна работа за Бајден, од гледна точка на јавното здравје, е да остане дома. Тоа е тешка одлука за неговата кампањата, вели тој.

Сепак, според Политико, резултатите од оваа анкета се разликуваат од низа испитувања на јавното мнение објавени во средата, кои покажуваат генерален тренд на недоверба кон претседателот.

Анкети на Монмаут, Политико и „Морнинг консулт“, Си-ен-ен и Куинипак универзитет, укажаа на тоа дека повеќе испитаници не ја одобруваат работата на Трамп. Кај некои разликата е и до пет проценти, наведува изданието.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Свет

Зеленски: Едвај се држиме, без помош ќе изгубиме

Read more

Со што Иран го гаѓаше Израел: Снимка од монструозна ракета извлечена од Мртвото Море

Read more

Украинците објавија снимка: Вака изгледа град под руски напад

Read more

Макрон откри: Во случај на терористичка закана, имаме резервни планови за отворање на ЛОИ

Read more
 

Вести

Ванковска: Без директно соочување на противкандидатите мислам дека сите ќе бидеме посрамени

Читај повеќе

Уапсен 26-годишник, се обидел да силува 68-годишна жена

Читај повеќе

Зеленски: Едвај се држиме, без помош ќе изгубиме

Читај повеќе
  • play_arrow

Со што Иран го гаѓаше Израел: Снимка од монструозна ракета извлечена од Мртвото Море

Читај повеќе

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Читај повеќе
  • filter

Промовирана Мојот сон во родната Крива Паланка, на Саем на книга ќе ја продава Топер

Читај повеќе

Меџити на средба со уметниците кај скопскиот Аквадукт

Читај повеќе

Малолетник од Тетово украл возило, бегајќи оштетил друго возило

Читај повеќе

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Читај повеќе