Анкета во Грција: Еден од двајца Грци смета дека сега треба да се постигне решение

Атина, 3 јуни 2018 (МИА) - Нешто помалку од половина испитаници или 48,3 отсто се согласуваат дека грчката влада треба во овој момент да се стреми кон постигнување решение на прашањето за името, покажуваат резултатите од последното истражување на јавното мислење во Грција, спроведено од агенцијата „Rass“ за грчката телевизија „Action24“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, на прашањето „дали се согласувате или не со мислењето дека условите за решавање на скопското прашање се поволни и владата треба да се стреми кон негово решавање сега“, 43,8 отсто од анкетираните одговориле дека се согласуваат, а 4,5 отсто дале одговор „веројатно се согласувам“, 40,7 отсто рекле дека не се согласуваат, а 3,2 отсто оти веројатно не се согласуваат. Одговор не дале 7, 8 отсто. 

Според деталната анализа на истражувањето, од оние кои што поддржуваат решение во овој момент, мнозинството се жени (51,9 отсто), на возраст од 17 до 34 години (60,1 отсто), на последните избори гласале за СИРИЗА (55,2 отсто), а местото на живеење им е во јужниот дел на Грција (58,9 отсто).

Од друга страна, тие што не се согласуваат или веројатно не се согласуваат со ставот дека условите се поволни за решение, се на возраст од 35 до 44 години (50,3 отсто), мнозинството се мажи (50,6 отсто), на последните избори во 2015 гласале за Нова демократија (59,3 отсто), а живеат во северна Грција (48,3 отсто).

Во однос на политичката сцена во Грција, опозициската Нова демократија и понатаму е во предност пред владејачката СИРИЗА со разлика од 10.3 отсто. 

Претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис е најпопуларен лидер на политичка партија во Грција, а во однос на тоа кој е посоодветен за премиер, дали тој или актуелниот Алескис Ципрас, Мицотакис има предност од 10,7 отсто. 

Во истражувањето на агенцијата „Rass“ за грчката телевизија „Action24“, спроведено од 29 до 31 мај, биле анкетирани 1.002 лица преку телефонски интервјуа.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Регион

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more

Судир меѓу демонстрантите и полицијата во Тирана: Летаат факели и молотови коктели

Read more

Грција го исполни ветувањето: Бесплатен одмор за сите туристи што лани го преживеаја пoжарот на Родос

Read more
 

Вести

Зеленски: Едвај се држиме, без помош ќе изгубиме

Читај повеќе
  • play_arrow

Со што Иран го гаѓаше Израел: Снимка од монструозна ракета извлечена од Мртвото Море

Читај повеќе

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Читај повеќе
  • filter

Промовирана Мојот сон во родната Крива Паланка, на Саем на книга ќе ја продава Топер

Читај повеќе

Меџити на средба со уметниците кај скопскиот Аквадукт

Читај повеќе

Малолетник од Тетово украл возило, бегајќи оштетил друго возило

Читај повеќе

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Читај повеќе

Османи ги откажа денешните партиски активности поради здравствени причини во семејството

Читај повеќе
  • play_arrow

Украинците објавија снимка: Вака изгледа град под руски напад

Читај повеќе