По само 67 дена

Англија без селектор, Сем Алардајс поднесе оставка

Сем Алардајс по само 67 дена поднесе оставка на функцијата селектор на фудбалската репрезентација на Англија. BBC пренесува дека поради скандалот во кој се најде Алардајс веднаш поднел оставка и веднаш договорил раскин на соработката со Фудбалската федерација на Англија (FA).

Сем Алардајс бил измамен од новинари на британски Telegraph кои му се преставиле како бизнисмени од Далечниот исток, а целиот скандал се однесува на делот од разговорот во кој селекторот, за надомест од 400.000 фунти, понудил совети како да бидат заобиколени трансфер прописите на FA.

Исто така, тој вели дека познава неколку менаџери кои без проблем можат да ги заобиколат правилата на FA, наведувајќи го како пример трансферот од пред две години на Енер Валенсија, кој тогаш бил во сопственост на „трета страна“.

За време на состанокот, Алардајс лошо зборувал за својот претходник Рој Хоџсон, нарекувајќи го „Вој“, бидејќи Хоџсон не ја изговора правилно буквата „Р“. Исто така, тој за обновата на култниот стадион „Вембли“ рекол дека тоа било обична будалаштина.

FA експресно реагираше откако снимката излезе во јавноста, челните луѓе разговарале со Алардајс кој веднаш ја понудил својата оставка.

Англиските медиуми шпекулираат дека најблиску до селекторската функција е Герет Саутгејт.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе