Ангеловски: Благодарност до навивачите, жалам што не прославивме со победа

Филип Здравески
/ 02.06.2021 / 10:53

Селекторот на македонската фудбалската репрезентација, како и играчите, е среќен што кончено фудбал се играше со публика, но жали што присутните на трибините не се израдуваа на посакуваната победа.

Македонија синоќа одигра 1:1 против Словенија на првиот од двата подготвителни натпревари за ЕУРО 2020. Водевме до таа кобна седма минута од судиското надополнување кога мало невнимание и Словенците нѐ лишија од победа.

„Морам да им се заблагодарам на навивачите кои дојдоа во посакуван број, им благодарам на поддршката. Жалам што не успеавме со победа да прославиме. Сепак ова беше пријателски натпревар“, почна Ангеловски на прес-конференцијата по натпреварот.

Фото: ФФМ

„Во второто полувреме до примениот гол противникот не се ни доближи до нашиот гол бидејќи доминиравме. Постигнавме гол, но мислам дека моравме да постигнеме уште еден и да го затвориме натпреварот. Сепак, ова се подготвителни натпревари, тренираме по два пати на ден, треба да им дадеме можност на повеќе фудбалери. Кога сѐ ќе се собере, мислам дека целта која беше за овој натпревар ја постигнавме“.

На почетокот нашите фудбалери делуваа како да играат со мала доза на трема. Веројатно дека прв пат по подолго време пред публика, но и оваа изненадувачка победа во Германија сигурно уште е активна и во нивните глави.

„Ова е прв натпревар што го одигравме после онаа победа со Германија. Нормално е да има одреден пад, но веќе во второто полувреме личевме на онаа наша репрезентација, доминиравме, го оддалечивме противникот од нашиот гол, постојано имавме полушанси и шанси. Мислам дека е добро што имавме еден ваков подготвителен натпревар, в петок имаме нов натпревар и спремни ќе бидеме за она најважното, првиот натпревар на ЕУРО против Австрија“.

Не случајно синоќа игравме со Словенија која имаше загача да ја глуми Австрија, нашиот прв противник на ЕУРО.

„Словенија и Австрија се соседни земји, малку наликуваат едни на други и играат иста фиормација. Од тие причини ги одбравме, им благодарам на селекторот Матјаж Кек и на сите од словенечката федерација што прифатија да играат со нас. Навистина мислам дека беше еден добар подготвителен натпревар. Нашата цел беше таа, а нив исто така нив им послужи како подготовка. Има време до првиот натпревар со Австрија, па мислам дека оние пропусти што ги направивме ќе имаме можност да ги искорегираме затоа што на Европското првенство ќе немаме право ни на најмала грешка“.

Нашите фудбалери на одредени моменти делуваа како заморени. Селекторот откри дека тренинзите биле малку засилени со оглед на згуснатиот распоред кој нѐ чека на ЕУРО.

„Се подготвуваме за првенство каде што имаме три натпревари. Затоа интензитетот на тренинзите беше посилен и нормално е да има таква реакција кај фудбалерите. Но, има доволно време, еве сега имаме натпревар со Казахстан каде што ќе имаме можност да испробаме други фудбалери, така да имаме доволно време да се освежиме до тој 13 јуни и натпреварот со Австрија каде мислам дека ќе влеземе максимално подготвени и од физички и од техничко-тактички и од психички аспект“, заврши Ангеловски.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Идеја за појадок: Мини крофни од апарат

Read more
Макрон: Негирањето на Израел како држава е нова форма на антисемитизам

Макрон: Негирањето на Израел како држава е нова форма на антисемитизам

Read more
Тами Ејбрахам може да ја откачи Англија и да заигра за Нигерија

Тами Ејбрахам може да ја откачи Англија и да заигра за Нигерија

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе