Ангеловска: Каматите на кредитите не се простуваат никаде

Економската стабилност на земјата се заснова и зависи од банкарскиот сектор, кој сега е стабилен, а таков треба да остане и по завршување на корона кризата, но каматите на кредитите никаде не се простуваат, рече министерката за економија Нина Ангеловска, одговорајќи на новинарско прашање дали е задоволна од солидарноста на банките откако објавија дека ги одложуваат кредитите, но ќе пресметуваат камата за периодот во тек на одложувањето.

Како што истакна, изминатите две недели заедно со Народната банка и комерцијалните банки се работело на соодветно решение што ќе ги заштити граѓаните денес, но и во иднина.

Ангеловска рече дека банките веќе ги одложуваат ратите на физичките лица не само за три месеци, туку и за шест, што, според неа е показател оти се доаѓа и до подбри решенија со дијалог, процена на ризиците и со конструктивен предлог.

Според Ангеловска, каматите на кредитите не се простуваат никаде.

Кога се поставува прашање дали и каматите  ќе бидат комплетно одложени, замрзнати, укинати или простени  треба да имаме предвид дури и кај земјите во коишто  е т.н. мораториум каматите не се бришат, одложуваат или простуваат комплетно. Дури и во земјите каде се воведе т.н мораториум на кредитите, каматите комплетно не се бришат или одложуваат или простуваат. Како пример Словенија, Црна Гора, Албанија и Србија имаат мораториум, но каматите се пресметуваат и се репрограмираат во следниот период. Заштитата на банкарскиот сектор не значи дека Владата не бара од банките да се солидализираат, туку значи дека цели да ги заштити граѓаните и на долг рок, бидејќи стабилноста на банките е важна за заштита на граѓаните и нивните средства и во иднина, рече Ангеловска.

Министерката за финансии најави дека на денешната седница на Владата ќе биде предложено дополнување на одлуката за кредитирање од Развојната банка со првата кредитна линија,  што ќе овозможи за кредити да аплицираат и дејностите за транспорт.

Кредитната линија од 5,7 милиони евра  беше отворена за најпогодените сектори:  угостителство, транспорт  и туризам. Сега, појасни министерката, ќе биде отворена  втора илинија во висина од осум милиони евра која што  ќе има поширок опфат, односно ќе ги опфати не само овие, туку и останатите погодени сектори  и ќе понуди повисоки износи на кредити  односно до 90 илјади евра зависно од бројот на вработени на компанијата.

-Дополнително на овие 5,7 и осум милиони разговаравме и за 50 милиони евра дополнитлено за коишто е веќе склучен договор со  Европската инвестициска банка, меѓутоа сега се менуваат условите односно се договара со комерцијалните банки, бидејќи  се работи за евтини кредити што ќе бидат пласирани преку нив да се помогне на секоја компанија којашто ќе има проблем со ликвидноста  и секако во насока на повторно задржување и  заштита на работните места. И од таа кредитна линија зборуваме за давање на кредитите кон комерцијалните банки од страна на  Развојната банка по каматна стапка од нула проценти односно државата ќе ја субвенционира каматната стапка  за комерцијалните банки да дадат навистина поволни  услови. Кога  велиме поволни зборуваме за  каматни стапки што се разговараат  со комерцијалните банки во висина од околу 1,5 проценти, рече Ангеловска.

Како што информираше, Владата ја разгледува како опција и мерката за одложување на плаќањето на закупнините, а додека не се финализира и прецизира тоа апелираше сите кои се во можност да ја одложат наплатата.

Одговарајќи на прашање рече дека исплатата на сите обврски преземени од државата кон фирмите ќе се реализира во пропишаниот рок и ако е можно порано за да се задржи ликвидноста на компаниите.

Во однос на тоа дека стопанските комори не се задоволни од економските мерки на Владата, Ангеловска одговори дека сетот мерки се навистина сериозен, добро осмислен сет креиран во консултација со стопанските комори, академската заедница и дека биле прифатени одредени забелешки.

Вредноста на вториот сет мерки чини околу 200 милиони евра. 

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Бизнис

Раст на Волстрит по три дена пад

Read more

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во Cevahir Mall во Скопје

Read more

Доларот зајакна, цената на нафтата падна

Read more

Шефот на Boeing поднесе оставка поради безбедносната криза во компанијата

Read more
 

Вести

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во Cevahir Mall во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Коле Ангеловски: Театрите се распаѓаат, а ние финансираме фестивали во други држави

Читај повеќе
  • filter

Почна реконструкцијата на стариот пешачки мост на Вардар

Читај повеќе