Андерс Рослунд во Скопје: Генијалниот автор на крими жанрот доаѓа на Саемот на книга

Читателската публика во Скопје ќе има неповторлива можност да се сретне со еден од најуспешните автори на крими трилери на денешнината, Андерс Рослунд, кој ќе биде специјален гостин на Саемот на книга на штандот на Антолог.

Рослунд е познат по своите напнати трилери и освојувањето на многу награди, но и по позиционираноста на водечки места на бестселер-листатата на The New York. Шведскиот автор ќе биде присутен на штандот на Антолог во сабота (20 април) со почеток од 12 часот во рамки на Саемот на книга, подготвен да се запознае со своите читатели.

„Ние како издавачка куќа сме исклучително возбудени што имаме можност да го пречекаме Андерс Рослунд на Саемот на книга во Скопје. Рослунд е еден од најистакнатите автори на криминалистичка проза во моментов, со богата кариера и со голем број на обожаватели низ светот. Неговите трилери се познати по својата напнатост и интрига, и сигурни сме дека ќе биде неповторливо искуство за сите присутни на настанот да имаат можност да го сретнат и разговараат одлблизу со него“, потенцираат од издавачката куќа Антолог.

Андерс Рослунд е автор на најчитаните „Чук чук”, „Слатко сонувај“ и „Верувај ми“, која ќе има специјална промоција во рамки на Саемот на книга, три дела кои веќе се преведени на македонски, и на други наслови зад кои се потпишува во дуо.

Во текот на настанот, посетителите ќе имате можност да го сретнат Андерс Рослунд, да се фотографираат со него и да добијат автограм на неговите книги, вклучувајќи ја и „Верувај ми“, која излегува специјално за неговата посета. Читателите ќе имаат можност да уживаат во разговор со авторот и да го слушнат неговиот поглед на литературата што ја создава.

Рослунд се надева дека книженоста може да ни овозможи да ги надминеме нашите ѕидови, барем во доменот на имагинацијата. „За време на овие чудни и осамени времиња сите ние треба да отпатуваме на кратко, барем во некој измислен свет“, вели тој додека се борел со осаменоста и сите предизвици кои му застанувале на патот.

Доаѓањето на Андерс Рослунд во Скопје е еден од најважните активности во склоп на годинашниот Саем на книга кој се одржува под слоганот „Приказна се чита“, а публиката ќе има прилика да го доживее овој момент и да го запамети како незаборавен.

Андерс Рослунд (1961) е шведски новинар и писател. Автор е на трилери и на криминалистички романи. Досега има објавено 10 книги како дел од успешните писателски дуети Рослунд и Хелстрем и Рослунд и Тунбериј. Пишува и под псевдонимот Антон Свенсон. Добитник е на многубројни престижни меѓународни награди. Бил основач на „Вести од културата“ на Шведската национална телевизија, а работел и како новинар во црна хроника. Неговите дела се преведени на 31 јазик и продадени во 3 милиони примероци. Живее со семејството во Стокхолм.

реклама

Култура

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Read more

Православните верници го слават Велигден

Read more

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Read more

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more
 

Вести

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Читај повеќе

ДИК: До 13 часот за претседател гласале 302.158, на парламентарни 312.070 граѓани

Читај повеќе
  • play_arrow

МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

Читај повеќе
  • play_arrow

Си Џинпин: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина

Читај повеќе
  • play_arrow

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Читај повеќе

Над 300 набљудувачи го следат изборниот процес

Читај повеќе

Одѕивот на претседателските избори до 11 часот е 12,87%, а на парламентарните 13,69%

Читај повеќе

Пешак удрен во Битола, со тешки повреди пренесен на клиника

Читај повеќе

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Читај повеќе