Американец направи TIE Fighter, ист како оној од „Star Wars“
Американецот Алан Карвер е огромен фан на франшизата „Star Wars“, па реши оваа негова пасија да ја материјализира и да изработи TIE Fighter кој функционира (иако, не како во филмовите) и во него може да влезе еден човек, кој слободно може да се претвора дека е дел од воените сили на Империјата.
Со големина од отприлика една третина помала од леталата од филмовите, во овој рачно изработен TIE Fighter може да се вози еден човек. Но, изгледот е тоа што го прави ова возило (а не летало, бидејќи не може да лета) посебно. Тоа може да развие максимална брзина од 10 километри на час, што значи дека е прилично безбедно за возење по градските тротоари.