Помеѓу најинтересните автомобили кои се претставени на Саемот за автомобили во Франкфурт е и караванот на Alpina заснован на BMW 3 серијата, како одговор на Audi RS4.
Познатата германска компанија Alpina, чии креации со децении се засноваат на автомобилите на BMW, во Франкфурт премиерно го претстави моделот B3 Touring со перформанси кои го сместуваат меѓу најбрзите каравани на денешницата.
Темелно доградениот трилитарски 6-цилиндричен мотор располага со 462 коњски сили и има максимален вртежен момент од 700 Nm.
Од Alpina сѐ уште немаат откриено за колку секунди B3 Touring стигнува од 0 до 100 км/ч, но велат дека максималната брзина изнесува повеќе од 300 км/ч.
Првите примероци ќе бидат достапни за купувачите во првата половина од наредната година.
Саемот за автомобили во Франкфурт ќе трае до 22 септември.