Ало, знае ли некој дека Корча на македонски јазик е Горица?

Сѐ повеќе сме сведоци на грешки во географските топоними по македонските медиуми. Ако донекаде разбирливи се оние далечните за нас, тогаш неоправдано е непознавањето на оние кои се во нашата близина и кои дури и се поврзани со Македонија.

Ден откако пратеници од ЛДП побараа Киев официјално да сме го сменеле во Киив, како и некои други украински градови, куп македонски веб-страници ја објавија веста дека во албанскиот град Корча ќе имало денови на македонската култура. И тука нема ништо спорно - во градот живее и етничко македонско малцинство, постојат здруженија, арно ама нешто штрчи. Епа, името на овој град на македонски јазик не е Корча, името му е Горица.

Побогу, па дури и македонскиот дијалект кој се зборува во Корча се вика горички дијалект. Името не паднало од небо, дадено е според името на градот, а тоа е Горица.

Дури и албанското име Корча (Korçë) потекнува од старословенскиот јазик, благодарение на Словените кои се населиле во Албанија. На влашки е Курчеауа (Curceaua), а градот е домаќин на голема влашка заедница. Живеат и доста Грци, па градот се вика и Корица (Κορυτσά). Османлиите го викале Ѓориџе (Görice). Погодувате, коренот на името на градот е зборот „гора“.

А, пазете, дури и македонската амбасада во Тирана во својот флаер за Деновите ставила дека истите ќе се одржат во Корча. Неукоста и неедуцираноста на македонските владини работници веќе на сите добро ни е позната (по 987865567856754 пат промашија знаме на странска делегација). Па има ли некој познавач на македонскиот литературен јазик вработен таму или не нашле никој таков со партиска книшка?

Останува прашањето зошто во македонскиот јазик упорно се форсира да се истисне македонскиот збор за овој град. Незнаење или некоја задна намера?

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Теми и коментари

Ден на планетата Земја: Како со нашите модни избори гласаме за иднината?

Read more

Зошто смртната казна нема да спречи свирепи убиства?

Read more

Зошто театарот ни е потребен повеќе од кога било?

Read more

Моќта на гласачкото ливче: 5 причини зошто треба да гласате

Read more
 

Ново

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Читај повеќе

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе

Како да испечете вкусен и крцкав леб во тенџере?

Читај повеќе
  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Интервју со Иван Брзовски: Magenta TV – редефинирање на телевизијата во дигиталната ера

Читај повеќе