Алиоски со нереален настап против Милвол

Нашиот фудбалер набилда статистика и уште еднаш ги импресионираше навивачите на Лидс со својата енергија која ја покажа на теренот.

Неуморниот Езџан Алиоски синоќа блескаше против Милвол. Неговиот Лидс имаше тежок натпревар, на полувреме губеше 0:2 пред своите гледачи на „Еланд Роуд“, за потоа во вториот дел да направи комплетен пресврт и слави победа од 3:2.

Нашиот репрезентативец ги одигра комплетните 90 минути, не постигна гол, не асистираше, но сепак по којзнае кој пат беше играчот кој им остави позитивен впечаток на навивачите, особено со играта во вториот дел. А, во првите 45 минути, токму тој заедно со Лук Ејлинг го срушија Јон Дади Бодварсон за пенал по кој падна вториот гол.

Статистиката која ја извади Лидс за настапот на Алиоски е нереална:

83 допири со топката
80% точност на додавања
52/65 успешност на додавања
23/29 додавања во противничкиот дел
7 одземени топки
3/4 успешност на нафрлувања
2 удари кон гол
2 создадени шанси
2 добиени дуели

Еден од коментарите за неговиот настап од навивач на Лидс вели: „На полувреме ќе го извадев од игра бидејќи се мачеше, но потоа во вториот дел покажа дека е подобро да си седам на каучот и да молчам. Апсолутно неверојатни втори 45 минути, ти се поклонувам синко, ти се поклонувам“.

Други неговиот настап го споредија во Џорди Алба, Меси...

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Фудбал

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more

Роналдо го сотре бившиот клуб

Read more
 

Спорт

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе

Салцбург се израдува на испаѓањето на Арсенал - му донесе пласман на клупскиот Мундијал

Читај повеќе