Alfa Romeo го најави новиот модел со високи перформанси

Италијанската компанија Alfa Romeo по пат на видео објавено на Twitter најави дека на Саемот за автомобили во Женева ќе претстави многу важен нов модел.

Во видеото не се наведуваат детали за името, дизајнот, но според звукот на моторот, тој е многу сличен на постоечкиот 2,9-литарски V6 мотор кој го придвижува актуелниот модел Quilia Quadrifoglio. Затоа, најверојатно се работи за новата верзија на лимузина со високи перформанси.

Од Alfa Romeo за магазинот Autocar рекоа дека повеќе детали ќе бидат откриени во наредните денови.

Се шпекулира дека за новиот модел ќе биде вратена историската GTA ознака и дека Alfa Romeo Quadrifoglio GTA ќе биде полесен за 20 кг во однос на стандардниот модел.

Освен тоа, новиот Quadrifoglio GTA најверојатно ќе ја користи подобрената верзија на V6 мотор кој ќе испорачува 612 коњски сили.

Се очекува дека новиот модел ќе биде произведен во ограничен број.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Авто новости

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Read more

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Read more
 

Автомобили

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе

Откриена цената на првиот автомобил на Xiaomi: Вреди ли толку?

Читај повеќе

VW Passat добива четири нови мотори, еден е особено интересен

Читај повеќе