Албанска парламентарна комисија првпат во посета на Пустец

Членовите на Комисијата за правни работи, јавна администрација и човекови права на Собранието на Албанија, со поддршка на ОБСЕ, беа во посета на Општина Пустец каде што се сретнаа со градоначалникот Пали Колефски и неговите соработници. Нивната средба беше на покана на пратеникот Васил Стерјовски кој потекнува од Пустец,

Ова е првпат парламентарна комисија на албанскиот законодавен дом да ја посети Општина Пустец. На средбата стана збор за положбата на припадниците на македонската заедница во Пустец, нивната интеграција и предизвиците со кои се соочува Општината.

Градоначалникот Колефски ги покрена прашањата кои се поврзани со условите за живот, немањето вода за пиење и канализација, лошата патна инфраструктура, малиот буџет кој Општината го добива од централната власт.

Директорот на гимназијата, Трајан Ванѓеловски, го покрена прашањето за недостигот на учебници по предметите што треба да се одржуваат на наставата по македонски јазик.

– За проблемите кои се покренаа на оваа средба ќе подготвиме извештај како комисија и ќе бараме од надлежните институции решавање на истите. Сакам посебно да ја нагласам најголема почит за македонската заедница во Албанија, која е мирољубива, достоинствена и трудољубива. Пратеникот Васил Стерјовски е најдобриот адвокат на македонската заедница во албанското Собрание, рече Улси Мања, претседател на комисијата, додавајќи дека македонската заедница е мост на соработка меѓу Албанија и Македонија.

Васил Стерјовски им се заблагодари на колегите за нивната посета на општина Пустец.

– Проблемите кои ги слушнавте во Општина Пустец редовно сум ги покренувал во Собранието, но друго е кога пратениците доаѓаат да видат одблиску, да се запознаат со условите за живот во Општина Пустец која е запоставена во последните 30 години. Со мало внимание од централната власт, Општина Пустец ќе стане пригодно место за живеење, рече Стерјовски.

На средбата присуствуваше и потпретседателката на албанскиот Парламент, Василика Хиси, која е Гркинка по потекло. На својот Facebook профил по посетата таа напиша:

„Живоописно место со одлични можности за развој на туризмот е Пустец во Преспа, населено со македонското малцинство. Правната комисија оствари средба со раководството на Општина Пустец. На состанокот се разговараше за интеграцијата на македонското малцинство, образованието на мајчин јазик, промовирање на традицијата и културата, зајакнување на капацитетите за силна општина”.

 

 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Регион

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Read more

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе