Албанија и Србија со заедничка кандидатура за младинското ЕУРО 2027

Макфакс/Кајгана
/ 09.05.2024 / 17:34

Фудбалските федерации на Албанија и Србија поднесоа официјална кандидатура за организација на Европското првенство за фудбалери до 21 година во 2027 година.

Информацијата ја објави Фудбалска федерација на Албанија (ФШФ).

„Фудбалска федерација на Албанија соопштува дека се пријави за организација на завршниот турнир ЕУРО 2027 за играчи до 21 година. ФШФ ќе соработува со Фудбалскиот сојуз на Србија, бидејќи нашата земја не ги исполнува условите да биде домаќин на сите натпревари на ЕУРО 2027“, соопштија од Тирана.

Подетални информации се официјализирани на веб-страницата на албанската куќа на фудбалот.

URL

„По успешното домаќинство на првото финале на Конференциската лига на УЕФА во Тирана во 2022 година и добивањето на организацијата на ЕП за кадети во 2025 година, ФШФ бара да биде домаќин на уште еден голем европски фудбалски настан.

Албанија е еден од главните кандидати за домаќин на финалните натпревари на Европското првенство за млади репрезентации во 2027 година. ФШФ испрати барање до УЕФА Албанија да биде една од земјите-домаќини на завршниот турнир на ова натпреварување.

Бидејќи не се исполнети условите за бројот на стадиони потребни за нашата земја да биде домаќин на сите натпревари на Европското првенство, ФШФ ќе соработува со Фудбалскиот сојуз на Србија за заедничка организација на финалната фаза на ЕУРО 2027.

Ова е несомнено многу амбициозен проект, кој би ја ставил Албанија во центарот на фудбалското внимание на целиот континент“.

Фудбалскиот сојуз на Србија засега не се огласил по ова прашање.

Наскоро се очекува да пристигне потврда од Белград.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Фудбал

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Клоп ги насмеа новинарите на последниот прес за Ливеерпул

Read more

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more
 

Спорт

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе
  • play_arrow

Клоп ги насмеа новинарите на последниот прес за Ливеерпул

Читај повеќе
  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе