Al Jazeera: Атина и Анкара на раб на вооружен судир

Атина и Анкара се близу до вооружен конфликт, откако Турција потпиша договор за разграничување со Либија, што се врзува во ексклузивна економска зона што ги опфаќа и грчките територијални води.

Договорот кој е потпишан на 27 ноември предвидува коридор што се протега по источниот Медитеран меѓу бреговите на Турција и Либија и „сечење“ на делот од морето за кое Грција тврди дека има право, објави Al Jazeera.

Турскиот министер за енергетика Фатих Донмез најави дека штом договорот ќе биде ратификуван од обете страни, турските бродови ќе започнат со подводно дупчење во областа во потрага по природен гас и нафта.

Иако грчката морнарица не даде официјално соопштение, двајца експерти наведуваат за Al Jazeera дека Атина испратила поморски сили во спорната област југоисточно од Крит.

Грција одлучи да го протера либискиот амбасадор поради договорот меѓу Либија и Турција за повлекување поморска граница меѓу двете земји во близина на грчкиот остров Крит.

Професорот по меѓународно право и пратеник на конзервативната Нова демократија во грчкиот Парламент, Ангелос Сириос смета дека Турција нема да може да започне со дупчење.

-На Анкара ѝ е нагласено дека нема да се толерираат никакви истражувања во област за која Грција смета дека е нејзина ексклузивна економска зона, додаде Сириос.

Началникот на грчката морнарица адмиралот Никос Кунис изјави дека поморските сили не чекаат ничија помош.

– Сè што правиме, ќе го сториме сами, појасни Кунис. 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more
 

Вести

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе