Ако по утрото денот се познава: 2020 почна со ножички

На првиот ден од новата година уште во првиот натпревар од Премиер лигата падна гол кој за 12 месеци ќе конкурира за најубав гол на годината.

Иранскиот офанзивец Алиреза Џаханбахш го спаси својот Брајтон од пораз против Челси и тоа со вистинско ремек дело. Гол со ножички против одличниот Кепа Аризабалага, гол кој уште долго ќе се гледа и прегледува.

Ако по утрото денот се познава, тогаш оваа 2020 година треба да изобилува со прекрасни голови.