Африка се дели на два дела и тоа многу побргу од очекуваното

Источна Африка се одделува од остатокот на континентот во рамките на геолошки настан, кој за милион години би можел тој континент да го остави без неговиот „рог“. Сепак, оваа природна појава уште сега создава проблеми.

Геолошкото отцепување на источната страна од континентот, кое еден ден ќе го исполни океанот, се шири многу побргу, отколку што научниците тоа го претпоставуваа.

Од таа причина, кенискиот прометен пат Маи Махиу, се сруши откако под него се појавија пукнатини, соопшти Кениската национална управа за автопати.

При отцепувањето се појавила и вода, што дополнително го влошила проблемот со зодавање на пукнатини во земјиштето.

„Големото отцепување ја дели Африка на две плочи. Заклучивме дека сомалската плоча се одделува од остатокот од континентот со брзина од 2,5 сантиметри по година. Ако овој тренд продолжи, сомалската плоча ќе продолжи да се одделува од нубијската плоча, што би можело дополнително да ја загрози моменталната инфраструктура и безбедност на жителите“, изјави геологот Дејвид Адеде.

Научниците ќе продолжат да работат на проучување на оваа појава, за да можат да ја советуваат владата во врска со најбезбедните места за градење патишта и куќи.

Одделувањето на сомалската плоча е предизвикано од движењето на дел од земјината обвивка, која ја пренесува топлината од Земјиното јадро кон нејзината површина.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Живот

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Read more

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Read more

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе