АЕТМ: Продолжувањето на интернет игрите на среќа е важно за Буџетот, но и за развојот на е-трговијата

Интернет игрите на среќа кои беа овозможени првпат со Уредбата со законска сила за примена на Законот за игри на среќа и забавни игри за време на вонредна состојба имаат значаен придонес во растот на онлајн трансакциите, сметаат од Асоцијацијата за електронска трговија и ја оценуваат како ефиксна мерка во справување со спречување на ширењето на вирусот, (имајќи предвид дека играчите не треба да се собираат во затворени простории каде што се приредуваат игри на среќа), прибирање приходи во буџетот во услови на значителен пад на буџетските приходи по основ на давачката за игри на среќа, одржување на бројот на вработени во оваа индустрија.

– Согласно податоците за месец септември од приредувачите на интернет игри на среќа кои добиле одобрение и неодамна започнаа да нудат онлајн обложување и објавените податоци на НБРСМ, тие учествуваат со околу 8 отсто или речиси една десетина во вкупната вредност која Македонците ја реализирале кон домашни е-трговци, наведуваат од асоцијацијата.

Оттаму потенцираат дека оваа индустрија значително влијае кон развојот на е-трговијата во нашата земја, кон зголемување на дигиталните плаќања, а со тоа и директно придонесува кон зголемување на вредноста во е-трговијата кон домашни е-трговци. Дополнително, има значително влијание и врз зголемувањето на дигиталните вештини на корисниците на нивните услуги, кои се потребни за учество во онлајн купување, кои според анализата за е-трговија во Македонија, се главна пречка за раст и развој на домашните е-трговци.

Растот на е-трговијата е предуслов за забрзан економски развој на нови дигитални индустрии оценуваат од Асоцијацијата и сметаат дека ќе охрабри инвестиции на компании во иновативни пристапи за овозможување и подобрување на е-трговијата.

– Компаниите кои добија одобренија за интернет игри на среќа инвестираа значајно во развој на софтверските решенија, брза адаптација и маркетинг. Од друга страна истите очекуваа долготрајно решение односно овозможувањето на приредување интернет игри на среќа да биде преточено во законско решение. Истовремено надлежните институции треба да преземаат мерки и системски решенија за спречување на нелегалните странски сајтови за игри на среќа преку кои се одлеваат значајни средства на штета на Буџетот и регистираните домашни компании, стои во соопштението.

Додаваат дека глобализацијата и интернетот носат нови можности, но и нови предизвици, па така милиони евра низ годините се одлеваат кон странски сајтови за игри на среќа кои нелегално се достапни за домашните граѓани со што државата губи приходи, како по основ на посебната давачка која ја плаќаат домашните приредувачи, така и по основ на данокот на личен доход.

Учеството на давачките од игри на среќа се значајни за буџетските приходи, а уште повеќе во време на криза во услови на намалени буџетски приходи, при зголемени потреби за финансирање на здравствените потребни, социо-еконономски мерки и инвестиции.

– Добрата законска регулатива, како предуслов за принципиелна конкуренција и високи стандарди за квалитет на обезбедување на услуги во областа на игри на среќа, нужно доведува до поттикнување на здрава пазарна економија, сузбивање на сивата економија во оваа област, спречување одлив на пари по основ на игри на среќа од македонската економија и во странски нелиценцирани правни лица, како и создавање на услови за раст на приходите во буџетот од игри на среќа, велат од Асоцијацијата за е-трговија.

Порачуваат дека придонесот треба да се гледа холистички – да се согледаат и другите поврзани индустрии (компаниите инвестираа во развој на софтверски решенија и маркетинг), бројот на вработени (кои само во обложувалниците изнесува над 4.000), а потоа и придонесот кон зајакнување на дигиталните вештини на населението.

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, чии членки се и приредувачите кои овозможија онлајн обложување (Моцарт, Спорт Лајф и Евротип) се залага за раст и развој на е-трговијата и уште повеќе во време на пандемија за искористување на можностите за забрзан раст на индустријата.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Бизнис

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Read more

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Read more

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Read more

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе