Адеми: Државната матура може да се спроведе и во јули

Роковите за полагање на државната матура може да ги поместиме во јули наместо во јуни. Тоа е предлог на Државниот испитен центар, но засега не сум одлучил да правиме измени и дополнување во календарот  зашто не знаеме колку ќе трае оваа состојба. Во зависност од околностите, ќе преземеме чекори, изјави министерот за образование и наука Арбер Адеми претпладнево во гостување во емисија на Канал 5.

-Во нормални, редовни околности, требаше да се организира во јуни, но тие рокови ние може да ги поместиме во јули. Дај боже час поскоро да заврши оваа состојба со која се соочуваме сега, но нема простор за загриженост зашто ние можеме да направиме измена и дополнување на калнедарот на организирање на учебната година за сите јавни средни училишта. Така ќе се дефинира и кристализира датумот за државната матура. Ако не во јуни, ќе биде во јули. Веќе имам таков конкретен предлог од Државниот испитен центар, рече Адеми во контактна ТВ-емисија во која заинтересирани гледачи му поставуваат прашања.

Нагласи дека нема простор за загриженост ниту за уписите на факултет, за кои услов е положената државна матура, затоа што и ако се организира испитот во јули, матурантите ќе ги стигнат редовните рокови за запишување на високообразовните установи на крајот на август и на почетокот на септември кога, исто така, има уште два (втор и трет) уписен рок.

Адеми нагласи дека состојбата ја следат, засега е сè во согласност со роковите, и поради тоа во однос на полагањето на државната матура не предвиделе нешто конкретно во уредбата за средно образование што Владата ја усвои пред три дена на седница.

Исто така, рече Адеми, нема простор за паника ниту за уписите во средното образвание. Ќе се почитува законскиот рок (31 март) за објавување на Конкурсот, но самите уписи, според роковите, се реализираат на крајот на јуни, а ако има потреба тие може и дополнително да се коригираат. 

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе