Стил

Адел речиси непрепознатлива на забавата по Оскарите

11. февруари 2020 - 9:16 | А.С.

Иако не прошета по црвениот тепих на доделувањето на Оскарите, британската пејачка Адел се појави на забавата на Vanity Fair по свеченоста.

Пејачката која вешто ги одбегнува медиумите по разводот од Симон Конецки, се појави на забавата во речиси непрепознатливо издание – во припиен светкав фустан со леопард дезен и со огромна насмевка на лицето.

Полската ТВ-водителка Кинга Русин објави фотографија на Instagram на која позира со Адел. Сосема очекувано, интернетот „експлодира“ од коментари за изгледот на Адел која драстично ги намали килограмите.

Извори за People изјавија дека Адел била многу расположена на забавата, танцувала боса и уживала во разговори со присутните.

По разводот, Адел драстично го промени начинот на живот и почна активно да вежба, што е видно од скудните фотографии што се појавија во медиумите.

„Лесно е да се фокусираме само на физичките промени кои ги направи, но станува збор за нешто многу поголемо. Адел се најде во стадиум од животот каде не се чувствуваше добро и знаеше дека нешто мора да смени, бидејќи сака да биде поздрава и подобра мајка“, рече изворот на People.