Адел oслабе 20 килограми: На што се должи драстичната промена?

Британската пејачка Адел ги шокираше фановите со драстичната промена откако ослабе 20 килограми.

Музичката ѕвезда покажа колкава промена ѝ се случила во изминативе месеци кога по подолго време се појави во јавност на одмор со колегите Хари Стајлс и Џејмс Корден.

Во октомври, 2019 година британските таблоиди пишуваа дека Адел почнала да работи со тренерот Џо Викс во тајност и дека ја следи неговата програма на вежби со висок интензитет.

Извори на The Sun велат дека таа не сака да вежба пред други луѓе, но дека следи строги режими на исхрана и вежбање во приватноста на нејзиниот дом.

Неочекувана промена

Слабеењето никогаш не било приоритет за Адел која досега секогаш зборувала дека не чувствува несигурност поради тоа како изгледа, откако се прослави во 2008 година.

Таа дури и фамозно изјавуваше дека нема да соработува со никој кој има проблем со нејзината големина.

„Кога го потпишував договорот, повеќето луѓе во музичката индустрија знаеја дека ако некој се осмели да ми каже да ослабам, нема да работи никогаш со мене“, изјави тогаш Адел за списанието People.

Сличен став покажа и во 2009 година кога за Daily Mail изјави: „Не можам да бидам нечиј производ, никој не може тоа да ми го направи. Јас одлучувам. Јас имам моќ и овластување врз сѐ што правам.“

Кога во 2012 година дизајнерот Карл Лагерфелд јавно ја искритикува дека е „малку дебелка“, Адел одлучно изјави дека е „многу горда“ на својот изглед и додаде: „Тежината нема никаква врска со мојата кариера“.

Како ослабе 20 килограми?

Секој кој некогаш сакал да слабее знае дека тоа воопшто не е лесен, ни едноставен процес. Токму затоа многу се шпекулира како Адел успеа да намали 20 килограми за околу шест месеци.

Наспроти изворите на The Sun кои велат дека Адел напорно вежба, извори блиски до пејачката велат дека драстичното слабеење повеќе се должи на строг режим на исхрана, а помалку на вежбање бидејќи Адел „не сака да вежба“.

Суперѕвездата наводно работела со „бразилската фитнес волшебничка“ Камила Гудис која ѝ помогнала во слабеењето.

Во биографијата на Камила, која живее во Лос Анџелес, пишува дека таа користи „комбинација на разни пилатес вежби, како и вежби за зајакнување на мускулите на торзото“.

Камила, која наводно се запознала со Адел преку сопругата на Роби Вилијамс, за The Sun изјави: „Не верувам дека сака многу да вежба, но направила промени во начинот на живеење и сметам дека слабеењето се должи на 90% строг режим на исхрана.“

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Музика

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more

Тејлор Свифт за прв пат на листата на милијардери на Forbes

Read more

Северина за настапот во Скопје: Ваков концерт не очекував

Read more

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Read more
 

Сцена

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Анистон изненади со изгледот на насловна: Како толку се подмлади?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скарлет Јохансон и Ченинг Тејтум ве носат на Месечината во филм за настанот од 1969

Читај повеќе

Зошто HBO се откажа од спин-оф серијата за Џон Сноу?

Читај повеќе