Адел го оставила сопругот уште лани, сега треба да му даде половина од богатството

Британската пејачка Адел вчера преку нејзиниот портпарол соопшти дека се разделила од сопругот Симон Конецки, но извори блиски до двојката велат дека таа го напуштила уште лани летото.

Двајцата не потпишале предбрачен договор пред да се венчаат во 2016 година.

Тоа значи дека во разводот Конецки би можел да земе половина од нејзиното богатство стекнато додека беа заедно, а „тежи“ 150 милиони фунти.

Адел е една од најпродаваните музички ѕвезди во светот, но исто така и една од најтаинствените кога станува збор за споделување на детали од нејзиниот приватен живот со јавноста.

Минатиот месец направи големо изненадување кога заедно со нејзината пријателка, актерката Џенифер Лоренс, се појавија во неколку геј ноќни клубови каде пееја и се забавуваа заедно со другите гости. Наводно, тоа била забава за прославување на разводот.

Извор близок до пејачката за Mirror изјави дека Адел пред неколку месеци почнала да им кажува на блиските роднини и пријатели дека се разделила со Симон.

Причината за разделбата наводно е фактот дека двајцата се премногу зафатени и поминуваат многу време раздвоени.

Симон наводно не сака да се појавува на свечени настани и да биде под лупа на медиумите, а Адел по неколку години се враќа во студио што значи дека подготвува нов албум и ѝ следи период на интензивно појавување во јавноста.

Адел (30) во февруари ја продала нивната заедничка куќа во Велика Британија вредна 3 милиони долари, а во јануари ја префрлила сопственоста на куќата во Лос Анџелес на Симон.

Во соопштението за јавноста што го објавија завчера, стои дека двајцата „ќе останат посветени на тоа заедно и со љубов да го израснат и воспитуваат нивниот син“.

Адел се омажи за Конецки по пет години врска, во 2016 година. Двојката во 2012 година го доби синот Анџело.

Двајцата се венчаа тајно, а Адел прв пат јавно проговори за бракот во говорот кога примаше Греми награда во 2017 година и му се заблагодари на „сопругот“.

Светски познатата пејачка ги има објавено бестселер албумите 19, 21 and 25. Нејзиниот прв албум објавен во 2008 година, на кој беа хитовите „Chasing Pavements“ и „Hometown Glory“, се искачи на прво место на албумската топ листа во Велика Британија

По него следеше планетарно популарниот албум 21 што се најде на првото место на албумските топ листи во 30 земји, вклучувајќи ги САД и Велика Британија.

Нејзиниот трет албум 25 се продаде во рекордни 800.000 примероци во првата недела од објавувањето и стана нејпродаван албум во 2015 година.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Секси петок

Read more

Музика

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more

Тејлор Свифт за прв пат на листата на милијардери на Forbes

Read more

Северина за настапот во Скопје: Ваков концерт не очекував

Read more

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Read more
 

Сцена

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе