Гејминг

А1 Game Fest 2019 ги надмина очекувањата

19. декември 2019 - 12:44 |

A1 Македонија, организаторот на А1 Game Fest 2019, најголемиот е-спорт и гејминг настан за оваа година, со задоволство објавува дека фестивалот на игрите оваа година ги надмина очекувањата на организаторите и учесниците и понуди вистинска забава за сите гејмери.

На настанот на кој продефилираа повеќе од 10.000 посетители од земјата и регионот, над 2000 пријавени гејмери се натпреваруваа во Clash Royale, Counter Strike: Global Offensive, FIFA 20, DOTA 2, Fortnite, Hearthstone, Tekken 7, и во Cosplay натпревар во маскирање. Со своето присуство на големо задоволство на присутните и учесниците настанот го збогати и Мартин `Saksa` Саздов, најдобриот играч на DOTA 2 од Македонија во светот, кој го има освоено второто место на The International во 2016 со својот тим – најголемиот турнир во DOTA 2.

Натпреварите се одвиваа преку 10 гигабитен линк обезбеден од страна на А1 Македонија. Оптичкиот интернет покажа супериорен квалитет и стабилност со брзина од скоро 1 гига, неопходен за ултимативно гејмерско искуство.

Во соработка со GG.MK,  сите натпревари беа покриени од коментатори за секоја игра посебно, стримани во живо на сервисот на GG.МК, a пренесени преку најсовремената мрежа на А1 Македонија.

Трите најголеми сали и холот на Cineplexx доловија амбиент во духот на светските гејминг натпревари.

Наградниот фонд за натпреварувачите беше околу 10 илјади евра, а на публиката ѝ беа поделении преку 1000 подароци, како и опрема за гејминг обезбедена од компанијата Сетек Сè од Техника – изложувач на А1 Game Fest 2019.

А1 Македонија останува посветена на најновите трендови на светската телекомуникациска сцена која го инкорпорира гејмингот како дел од поп културата и на е-спорт и гејминг заедницата во земјата која незапирливо расте.

А1 Game Fest останува на мапата на активности на компанијата во знак на негување на оваа култура, нејзина поддршка и унапредување.

*Промотивен текст.