7 октомври 2001, САД ја почна инвазијата врз Авганистан

Неполн месец по терористичките напади од 11 септември, а откако Талибанците не го испочитуваа ултиматумот да го предадат Осама бин Ладен, војската на САД заедно со Обединетото Кралство изврши инвазија врз Авганистан.

Операцијата наречена Operation Enduring Freedom траеше до 17 декември 2001 кога Талибанците беа симнати од власт, но коалицијата подоцна надополнета со НАТО и други земји до ден денес не успеа да воспостави целосна контрола. Бин Ладен беше ликвидиран дури во 2011.