6 декември 1877, Томас Едисон ја демонстрирал првата тонска снимка

На денешен ден во 1877 година американскиот пронаоѓач Томас Едисон во Њу Џерси ја демонстрирал првата тонска снимка.

Станува збор за тонска снимка на која Томас Едисон ја рецитира песната „Marry had a little lamb“. Тоа е првата снимка направена со цилиндричниот фонограф на Едисон.