5 септември 1664, Нов Амстердам стана Њујорк

Без ниту капка пролеана крв Холанѓаните им ја предадоа на Англичаните својата колонија наречена Нов Амстердам која набрзо беше преименувана во Њујорк, а денес e прерасната во еден од најразвиените и најпознати градови во светот.

Англиските трупи предводени од полковникот Ричард Николс го имаа опколено Нов Амстердам, но по денови преговори постигнаа договор со Холанѓаните. На 5 септември 1664 година градот без борба се предаде, а за возврат холандските жители не беа избркани. Но, градот доби ново име, Њујорк, односно Нов Јорк, по градот Јорк во Англија.

Денес, три и пол века подоцна, Њујорк е еден од најголемите, најпрочуените и најпосетените градови на планетава.