5 декември 1791 година, почина Волфганг Амадеус Моцарт

На 5 декември 1791 година во Виена умрел Волфганг Амадеус Моцарт, голем австриски композитор, автор на повеќе музички дела со кои оставил печат на совршенството и на неповторлив личен израз. 

Негови најпознати дела се оперите „Волшебната флејта“, „Свадбата на Фигаро“, „Дон Жуан“ и други. Во 1782 година се оженил со Констанца Вебер со која имал шест деца од кои само два сина преживеале, а ниту еден од синовите не се оженил ниту пак имал потомство. Живеел на работ на сиромаштијата, често не бил платен за работата, а тоа што го заработувал го трошел на екстравагантен начин на живот и на коцка. Последното дело „Реквием“ го пишувал по нарачка за еден благородник.

Роден бил во Салцбург на 28 јануари 1756 година, починал на 35-годишна возраст, од мистериозна болест. Неговото семејство целосно осиромашено немало пари за  достоинствен погреб и како сите сиромашни од тоа време и овој голем музички гениј е погребан во заедничка гробница. Денес Моцарт би бил милионер само од комерцијализацијата на неговото име.