4 септември 1970, револуционерот Салвадор Алјенде доаѓа на власт во Чиле

За првпат во Латинска Америка се случи еден револуционер по мирен пат, со избори, да дојде на власт. Тоа го направи сенаторот Салвадор Алјенде, социјалист по политичка припадност откако победи на претседателските избори во Чиле. 

Но, иако наголемо прифатен од народот, наскоро против Алјенде се крена целата домашна опозиција. Во 1973 година генералот Аугусто Пиноче со помош на САД и ЦИА во крвав пуч го собори народниот претседател. Алјенде е убиен во пучот, а Пиноче воведе немилосрдна диктатура.