4 декември 1973, родена е Тајра Бенкс

Тајра Лин Бенкс (родена на 4 декември 1973) е американски модел, јавна личност, актерка и бизнисменка. Се прослави како дел од оригиналните супермодели во 90-тите, а потоа изгради бренд со своето име продолжи да се занимава со професии во јавниот живот – таа е главниот уредник и домаќин на реалното шоу „Следното ново лице на Америка“, продуцент на „Вистинска убавина“ и домаќин на нејзиното ток шоу „Шоуто на Тајра Бенкс“.

Ги красела насловните страници на Elle, Harper's Bazaar, Spanish Vogue, Cosmopolitan, Seventeen и Teen Vogue; настапила на бројни ревии на брендовите Chanel, Oscar de la Renta, Yves Saint Laurent, Anna Sui, Christian Dior, Donna Karan, Calvin Klein, Perry Ellis, Marc Jacobs, Givenchy, Herve Leger, Valentino, Fendi, Isaac Mizrahi, Giorgio Armani, Sonia Rykiel, Michael Kors и други, а ќе остане запаметена по рекламните кампањи за Yves Saint Laurent, Dolce & Gabbana, Escada, Tommy Hilfiger, Ralph Lauren, Halston, H&M, XOXO, Swatch, Versace, Christian Lacroix, Victoria's Secret, Got Milk?, Pepsi и Nike.

Тајра беше првата афроамериканска манекенка која се појавила на насловните страници на GQ и Sports Illustrated.