30 години од легендарната фотографија на Земјата направена од рекордна оддалеченост

Бледата сина точка (Pale blue dot) е фотографија на планетата Земја направена во 1990 година од леталото на НАСА Voyager 1 од рекордна оддалеченост од 6,4 милијарди километри од нашата планета.

Фотографијата ја прикажува нашата планета во огромното вселенско пространство. По барање на прочуениот американски астроном Карл Сејган, откако Voyager 1 ја завршил својата примарна мисија и го напуштил на Сончевиот систем, НАСА го свртила вселенско летало за да се добие слика на нашата планета при напуштањето на Сончевиот систем

Во 2001 година Space.com ја избра оваа фотографија за една од десетте најзначајни вселенски фотографии на сите времиња.