27 февруари 1900, во Минхен бил основан Баерн
Фудбалерите на минхенскиот гимнастичарски клуб МТВ 1879 предводени од Франц Јон се одвоиле и формирале свој клуб наменет само за фудбал именувајќи го Баерн (правилниот германски изговор е Бајан).
На својата прва титула клубот чекал до сезоната 1931/1932 кога станал шампион на Германија. Потоа чекал уште 25 години на втората, онаа во ДФБ купот во 1956/1957.
Денес Баерн има 33 титули шампион на Германија, 20 во ДФБ купот, 10 Суперкупа, 6 Лига купа, 6 за европски шампион, 1 УЕФА kуп, 1 Куп на победници на купови, 2 УЕФА Суперкупа и 4 за светски првак.
Низ клубот продефилирале легенди како Конрад Хајдкамп, Франц Бекенбауер, Герд Милер, Ули Хенес, Паул Брајтнер, Зеп Мајер, Ханс-Георг Шварценбек, Франц Рот, Карл-Хајнц Румениге, Клаус Аугенталер, Лотар Матеус, Томас Хелмер, Штефан Ефенберг, Оливер Кан, Мемет Шол, Бишенте Лизаразу, Џовани Елбер, Филип Лам, Бастиан Швајнштајгер, Франк Рибери...