25 март 2018, прв непрекинат лет од Австралија до Европа
Првиот лет без застанување од Австралија до Европа го реализираше австралиската авиокомпанијата QANTAS пред точно 6 години.
QANTAS прв пат почнала да лета до Европа на 1 декември 1947 година и тоа од Сиднеј до Лондон со шест попатни застанувања од кои две со преноќување. Затоа рутата го добила име Кенгурска рута.
Во 2018 со луксузниот Boeing 787 Dreamliner беше реализиран првиот лет без ниту едно застанување. Траеше 17 часа, поминати беа 14.498 километри, а вкупно 4 пилоти се менуваа во смени. Носеше 236 патници и 16 членови на екипажот.
Денес директната рута има редовна линија Сиднеј-Лондон. Авионот носи меѓу 92.000 и 110.000 литри гориво.